Home / Вести / Инфицираните нови 11 мина во Битола познати кластери

Инфицираните нови 11 мина во Битола познати кластери

                       

По информацијата дека во Битола во изминатите 24 часа биле дури 11 позитивни со официјално соопштние се јавија од Центарот за јавно здравје.

Во соопштението се вели  дека од вкупниот број на денешните пријавени случаи (11), 5 припаѓаат на веќе познат кластер поврзан со работна организација, 3 даваат податок за контакт со позитивно лице, а три лица не даваат податок за поврзаност.

 Најголем број од новозаболените се на возраст од 50-59 години (5), тројца се на возраст од 20-29 години, и по еден од возрасните групи 30-39, 40-49 и 60-69 години.

Од контактите на денешните регистрирани случаи во Битола, за 24 лица е даден предлог до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат) за здравcтвен надзор и домашна изолација. Денес регистрирано е едно оздравено лице во Битола кое беше на домашно лекување. До денес регистрирани се 41 оздравено лице. Во моментот 12 битолчани   се хоспитализирани, а 29 се на домашно лекување позитивни на ковид 19.

 Во  Битола во моментот активни се 4 кластери, три фамилијарни и еден кластер е поврзан со работна организација.

            Инаку во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 15.07.2020 година земени се вкупно 1462 брисеви за COVID-19 (828 по епидемиолошки индикации, 304 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг). Позитивни резултати за ковид 19 се добиени кај 317 лица, од кои 84 се со место на живеење во Битола, 82 во Кичево, 12 во Демир Хисари 139 во Ресен.Според исходот на заболувањето кај 197 лица болеста е во тек (41 од Битола, 70 од Кичево,75 од Ресен и 11 од Д.Хисар), 113 лица се оздравени и кај 7 лица болеста имаше смртен исход.

Од контактите на денешните регистрирани случаи во Битола, за 24 лица е даден предлог до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат) за здравcтвен надзор и домашна изолација. Денес регистрирано е едно оздравено лице во Битола кое беше на домашно лекување. До денес регистрирани се 41 оздравено лице.

Во Ресен денес нема регистрирано нов заболен, а се регистрирани 2 оздравени лица. Вкупниот број на оздравени лица изнесува 61.

Во Демир Хисар денес има регистрирано 3 нови случаи. За 11 лица поврзани со денешните нови случаи е даден предлог до ДСЗИ за здравствен надзор и домашна изолација. Во Кичево денес има регистрирано едно новозаболено лице, а едно лице е регистрирано како оздравено. За три лица поврзани со денешниот случај е даден предлог до ДСЗИ за здравствен надзор и домашна изолација  се нагласува во соопштението на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*