Home / Вести / Иселеник од Австралија го избриша името на Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола

Иселеник од Австралија го избриша името на Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола

        Иселеникот од Австралија, Стефан Георгиевски, кој живее почесто во Битола, денеска го реализира решението на Централниот регистер да се избриши името на Културниот центар во Битола, Ванчо Михајлов.

        Со порака до министерот  Оливер Спасовски дека кога надлежните институции тпа не го направија,  конечно ние граѓаните   од Битола моравме да го избришиме името на Ванчо Михајлов, со препорака повеќе во Битола да не се отвораат вакви клубови кои ќе носат имиња на докажани фашисти, кои ги караат народите на Македонија и Бугарија.

      Стефан Георгиевски, кој со години живее во Австралија  не се криеше дека тој го избриша името  на клубот и тоа го направи денеска  во период кога вриеше на битолски Широк Сокак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*