Home / Вести / Пуштен во употреба новиот БТО јагленов систем

Пуштен во употреба новиот БТО јагленов систем

По речиси 15 години застој, денеска официјално во работа беше пуштен новиот БТО јагленов систем.

Со пуштањето во употреба на новиот БТО јагленов систем двојно ќе се зголеми откривањето и производството на јаглен во Суводол.

-Системот е изграден со речиси целосен влог на сили и ресурси на компанијата и ФОД “Битола”.  Во поставување на системот учествуваа голем број стручни лица од ПЕ Рудници на РЕК “Битола”, а особено сме горди на фактот што најголемиот дел од компонентите се репарирани делови од други системи со што значително беа намалени трошоците за реализација на овој значаен проект-изјави првиот човек на РЕК “Битола” Пеце Матевски.  

Вкупната вредност на новиот БТО јагленов систем е околу 7 милиони евра сопствени средства на Комбинатот РЕК “Битола” .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*