Home / Вести / Иван Тошевски останува лидер на ВМРО ДПМНЕ Битола!?

Иван Тошевски останува лидер на ВМРО ДПМНЕ Битола!?

                 

Иако засега нема официјална потврда, сепак според извори на Битолски весник, досегашниот лидер на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола  и актуелен советник во Советот, Иван Тошевски и во наредниот период ќе биде на чело на партијата.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој во изминатите денови смени голем број претседатели на Општинските комитети засега не размислува да му се заблгодари на услугите на Тошевски.

Според извори на Битолски весник и покрај тоа што Тошевски во неколку наврати се интересирал за тоа што станува со неговиот мандат и дали останува на челната позиција, од Мицкоски добил одговор дека во моментот тој не е на списокот за смена.

Дали така ќе остане останува да се види во наредиот период.

Но иако засега Тошевски ја ужива доверата на мицкоски, сепак во општинската органзиација на ВМРО ДПМНЕ во Битола има голема незадоволство од неговото раководење со партијата, што резултираше со пораз на превдремените парламентарни избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*