Home / Македонија / Изборниот резултат од 11-ти декември останува ист

Изборниот резултат од 11-ти декември останува ист

Според резултатите на ДИК вкупен број на избирачи запишани во избирачкиот список на избирачкото место 2011 во Тераце е 714, од кои 402 гласачи го искористиле правото на глас.
Три од ливчињата се неважечки, 149 се за ВМРО, 245 за СДСМ, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците освоија по еден глас, а ВМРО за Македонија два гласа.
Првичните резултати на ДИК за изборната единица 6 за распределба на мандатите е следна: ДУИ освои 6 мандати, ВМРО – 4, СДСМ – 3, БЕСА – 3, Алијанса за Албанците –  2 и ДПА – 2 мандати.
Според првичните резултати на ДИК од парламентарните избори, ВМРО освои 51 мандат, додека СДСМ 49 мандати, ДУИ – 10, БЕСА – 5, Алијанса за Албанците –  3 и ДПА – 2 мандати.

Од ДИК информираат дека конечните ќе бидат објавени до среда, доколку нема приговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!