Home / Вести / Јан Амос Коменски победници на кошаркарскиот куп

Јан Амос Коменски победници на кошаркарскиот куп

По повод  Деновите на Општина Карпош, во Спортско рекреативниот центар „ Борис Трајковски“, денеска се одигра финалниот натпревар од кошаркарскиот куп помеѓу  ООУ „ Димо Хаџи Димов“ и ООУ „ Јан Амос Коменски“.  Во малата сала, пред  многубројната публика, кошаркарите од  Јан Амос Коменски  со резултат од 63-25 ги победија своите врсници од Димо Хаџи Димов.  Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев,  им додели дипломи на кошаркарите од двата тима, додека на освојувачите на купот  им го додели победничкиот пехар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!