Home / Uncategorized / Јанева најави нови истраги за Империја

Јанева најави нови истраги за Империја

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева синоќа, околу 1:30 часот по полноќ, пристигна во Кривичниот суд за да ги подигне решенијата со кои им се одреди притвор на петмината осомничени во истрагата „Империја“.

-Набргу ќе соопштиме дека истрагата за овој случај ќе биде проширена со нови лица, но и со нови кривични дела, изјави специјалната обвинителката Јанева.

Од СЈО вчера ја информираа јавноста дека во оваа истрага засега осомничени се 13 лица.

-По спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денес е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, информираа од СЈО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*