Home / Култура / Каролина Гочева ги разгали срцата на битолчани

Каролина Гочева ги разгали срцата на битолчани

       

        Со настапот на македонската поп звезда  и  спектакуларен огномет, синоќа во  исполнетиот антички амфитеатар “Хераклеја” во Битола, свечено беше отврено битолското културно лето “ Бит фест 2022”

        Со своите добро познати песни, Каролина Гочева која по 4 години пауза повторно пееше пред битолчани ги разгали срцата на присутните.

        -Среќна сум  што по неколку години повторно се гледаме  на едно од најубавите и најпосакуваните места за  мене и секој уметник, амфитеатарот во Хералјеа, изјави Каролина Гочева.

        Културнот лето за отворено го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој најавувајќи  нов концепт на културно лето, меѓу другото рече.

        -Содржините кои се дел од оваа програма даваат концепт на издигнување на фестивалот на повисоко естетско ниво со почитување на професионализмот, креативноста и повисоките критериуми и норми на уметничка изведба од страна на авторите и изведувачите кои ќе земат у чество на “Бит фест”. Фестивалот заслужено добива шанса да биде идентитетски силен и да претставува предизвик и за уметниците и за публиката” рече градоначалникот Коњановски.

        Инаку во рамките на  14 издание на “Бит фест 2022” битолчани и големиот број гости, кои овие летни денови се пристигнати во Битола,   во официјалната програма  ќе имаат  можност да проследат  вкупно 40 културни настани, кои беа селектирани од страна на стручното жири од вкупно 166  пристигнати апликации на јавниот повик.

        За годинашниот фестивал “ Бит фест 2022  “ општина Битола ќе издвои вкупно  4,5 милиони денари, но од програмата за култура  ќе бидат издвоени и дополнителни средства за останатите културни настани кои не влегоа во официјалната програма, но кои поради квалитетот ќе бидат прикажани во наредните 64 дена, колку што ќе трае фестивалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*