Don't Miss
Home / Спорт / Комеморација за ракометната легенда Борис Чурлевски

Комеморација за ракометната легенда Борис Чурлевски

Матичниот клуб на прерано починатата македонска ракометна легенда Борис Чурлевски, Ракометниот клуб  Пелистер, денеска  во малата сала на „Центарот за култура„  одржа комеморација во која  го одбележа ликот и делото на големиот спортист.

На комеморацијата присуствуваше и градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

komemoracija  2

komemoracija 3

Миленикот на битолската ракометна публика е дел од спортското семејство Чурлевски, кое цел живот го посвети на ракометот.

komemoracija 4

На комеморацијата говореа  битолските новинари, доајенот Димче Миновски, бившите соиграчи на Чурлевски, а во името на РФМ  се обрати Јован Василев.

Чурлевски беше погребан   денеска  на градските гробишта во Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*