Home / Uncategorized / Со детската програма на плоштадот “Магнолија“ започна богатата новогодишна програма

Со детската програма на плоштадот “Магнолија“ започна богатата новогодишна програма

Со детската програма, денеска на плоштадот “Магнолија“  започна богатата новогодишна програма што ја подготви локалната самоуправа за новогодишните празнувања.

Најмладите овие дена  ќе другаруваат со детските хитови од детските фестивали Си-до, Тра ла ла, Мегабит кидс и Детско тинејџерскиот фестивал.

proslava 1 den 1      proslava 1 den 2

Покрај детските музички блокови, децата ќе можат да другаруваат и со 4 детски театарски претстави и тоа: „Работилницата на Дедо Мраз”, „Најубавата ноќ”, „Новогодишна приказна за Дедо Мраз” и „Земјата наопаку”, како и два доста интересни настани – детскиот перформанс „Собата на Дедо Мраз” и новогодишна креативна работилница „Среќни 365 денови”.

proslava 1 den 3
proslava 1 den 4

proslava 1 den 6

proslava 1 den 7

На 30.12 во Центарот за култура ќе се одржи  традиционалниот новогодишен концерт на битолскиот камерен оркестар.

Вечерната програма за дочек на Новата 2015 година започнува на 31.12 во 20.00 часот.

Од 20:00 – 20:35 настапува музичката група – Х Бенд,

од 20:40 – 20:55 – Сефедин Бајрамов,

од 21:00- 21:30 – музичка група – Памперс,

од 21:35- 22:00 – музичка група – Паркети,

од 22:05–22:30 – Ламбе Алабаковски,

од 22:35 -22:55 – Влатко Лозановски – Лозано,

од 23:00 -00:30 – поп дивата Калиопи,

од 00:35- 00:50 – Борче Наумовски и

00:55 -02:00 – музичка група – Боеми.

 

 

 

 

Б.В.

 

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*