Home / Вести / Кривични пријави за екс директори на Агенцијата за филм

Кривични пријави за екс директори на Агенцијата за филм

Финансиската полиција поднесе нови кривични пријави против поранешните директори на Агенцијата за филм како и против претседателот на Управниот одбор на Агенцијата за филм за злоупотреба на службената положба.

Според кривичната пријава, двајцата поранешни директори спротивно на законот му овозможиле на претседателот на УО истовремено да учествува како филмски работник, директор на фотографија и кинематографер, во реализација на десет филмски проекти финансирани од Агенцијата за филм, а кои претходно ги одобрил самиот тој.

Со тоа тој прибавил корист за себе од над 100.000 евра преку неколку продуцентски куќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!