Во Битолскиот Народен театар со голем концерт, културно-уметничкото друштво КУД “Стив Наумов” од Битола одбележа 70 години од формирањето.
Денес во состав на друштвото се три ансамбли- мешан хор, женски хор и мандолински оркестар а изминатите години над илјадници битолчани биле дел од КУД “Стив Наумов”.
Импозантен број од близу пет илјади настапи има реализирано културно- уметничкото друштво во градот, државата и надвор во странските земји.
Друштвото е формирано на шести ноември 1944 година од Борците на седмата македонска ударна бригада, а ансамблите во текот на сите овие години имаат освоено голем број на награди на сите позначајни фестивали што на културен план ја афирмираа Битола.
Б.В.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
