Home / Uncategorized / Лајонс клуб Кабадаја донесоа многу насмевки и топлина во домот на семејството Киријази

Лајонс клуб Кабадаја донесоа многу насмевки и топлина во домот на семејството Киријази

Многу насмевки и топлина. Со ваква мисла, Лајонс Клуб Кабадаја од Битола, деновиве го посети Томе Киријази во неговиот дом, а таму беа срдечно пречекани од тетка Зорка, мајката на Томе и повозрасната сестра Стефани .

10410418_10150462030854995_5036166525687361344_n

-Скромен дом полн со љубов. Овој пат им подаривме пакети со прехранбени производи кои ќе ја збогатат празничната трпеза на семејството Киријази. Исто така, Лајонс клуб Кабадаја одлучи да ја подари Lions scholarship на Томе и да го помага и поддржува во неговите студии и понатамошни успеси. Посебна благодарност упатуваме до “Пелистерка“ и Битолска млекарница кои ја помогнаа оваа благородна и хумана акција- информираат од Лајонс клуб- Кабадаја од Битола.

На заминување си посакаа Новата 2015 година да им биде среќна и весела, исполнета со здравје, љубов и взаемно почитување, и да бидат уште поуспешни во она што го прават.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!