Home / Uncategorized / Лазар Котевски ќе трча за четврт мандат

Лазар Котевски ќе трча за четврт мандат

Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски ќе трча по четврт пат за градоначалничката функција на Општина Новаци.

Лазар Котевски ова го истакна на прес конфенерцијата на која поднесе отчет за сработеното во изминатите 4 години.

Инаку Лазар Котевски својата кандидатира за градоначалник на Новаци ја поднел до раководството на партијата и сега го чека аминот на лидерот Никола Груевски.

-Мислам дека со сето тоа што го имам направено за Новаци во изминатите три мандати заслужувам по четврт пат да се кандидирам. Доколку ја добијам довербата на партијата ќе учествувам во изборната трка, а доколку не, немам намера да се кандидирам како независен кандидат, истакна Лазар Котевски, кој според општото расположение на жителите на жителите на  Новаци доколку се кандидира е апсолутен фаворит и речиси сигурен победник на изборите, бидејки практично според мислењето на жителите на Општината на Котевски нема кој да му се спротистави. Него го почитуваат сите новачани, без разлика на која политичка партија му припаѓаат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*