Home / Вести / Лажнo лицемерие

Лажнo лицемерие

Во врска со денешниот предлог на седницата на Советот на Општина Битола да се одделат милион денари за самохрани мајки кои би се вклучиле во нешто што би значело грижа за повозрасни лица, т.е наши сограѓани со над 65год. возраст, со реакција се јави советничката Татјанa Крнчева.

-Крајно несериозно и неодговорно е да се смета дека таа ранлива категорија или барем дел од неа би била спремна или стручна без никаква обука за тоа да го прави. Тоа е гол популизам и ситно профитерство, причина плус што Општината Битола финансиски да ги поддржува и здруженијата чиј ангажман е во насока подобрување на условите за живот на оваа ранлива категорија, како и на сите кои се обратиле за помош. Злоупотреба е исто така и да се осудува за немање слух и интерес О. Битола да се вклучи во одбележување настан или кампања во име оддавање на почит кон некоја кауза, во случајот кампањата 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња. Советувам, најпрво да се информираме пред да осудиме, бидејќи не само Општината Битола, не само невладиниот сектор, не само партиските тела (со исклучоци), туку и Владата на РСМ се заложува и гарантира сигурност и темелен пристап, како и институционални решенија. Со самото тоа што ја ратификуваше Истанбулската конвенција (која патем да потсетам, претходно седеше во нечија фиока цели 6год. чекајќи ратификација) ја покажавме нашата спремност да бидеме на прва борбена линија против родово базираното насилство! Донесен закон за дискриминација, во собраниска процедура законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, предвидени сет мерки и услуги за привремен престој за жените жртви, нивните деца и жртвите на трговија со луѓе и сексуално насилство!Така да, не ја разбирам леснотијата со која се спомнуваат ранливите категории, патем негирајќи се’ што се прави за да им се подобри животот, наместо да се осуди говорот на омраза и да се спречат лошите намери нешто да се оцрни без доблест да се провери или добие точна информација.

Класичен пример е поддршката на нарекувањето КАБАРЕ (бидејќи ми е невкусно да ги спомнам останатите термини), а се однесуваа на зградата на О. Битола во деновите кога беше обоена во јако портокалова боја. Драги мои сограѓани, тоа не беше вариете, тоа беше ПОДДРШКА токму за кампањата 16 дена активизам, исто како што претходно беше обоена во плаво како поддршка за пациентите со диабет и исто како што претходно беше обоена во розово како поддршка за пациентите со карцином на дојка! И треба да не’ изеде туѓиот срам пред очите на секоја жртва и на секој кој се бори за живот!

И патем…какво е тоа бесцелно потенцирање дека имаме жена градоначалник, што така кажано, само по себе претставува дискриминација! изјави советничката Татјана Крнчева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*