Home / Uncategorized / ЛДП: Со месеци во Клиничката болница нема реагенси за испитување на тироидната жлезда на пациентите

ЛДП: Со месеци во Клиничката болница нема реагенси за испитување на тироидната жлезда на пациентите

 

Горан Милевски од битолската ЛДП денеска на прес-конференција пред Клиничката болница- Битола обвини дека во болницата која е и регионален центар, веќе неколку месеци нема реагенси за испитување на хормонот кој ја регулира тироидната жлезда кај пациентите.

-На пациентите не може да им се даде соодветна терапија, а  секое одложување на терапијата може да биде кобно по нивното здравје. За сметка на тоа, приватните лабаратории не по своја вина користат најмногу во таквата ситуација  и пациентите наместо 40 денари колку што таа услуга чинеше во Клиничката болница, плаќаат многу повеќе во приватните лабаратории. Како ЛДП од оваа прес-конференција бараме министерот за здравство Никола Тодоров да се самоказни за хаосот и финансиските штети што им ги предизвика на граѓаните како резултат на неговото лошо менаџирање со здравствените проблеми- обвини денеска на прес, Горан Милевски од битолската ЛДП.

 

goran-milevski

                 Горан Милевски

 

Милевски постави прашање, зошто функционира “мој термин” кога одделението не може да одговори на барањата на пациентите и на кој му одговара ваквата состојба?

-Колку животи треба да изгубиме за некој да се сети дека на Клиничката болница и се потребни реагенси и матријали за работа, ќе понесе ли некој одговорност- праша Милевски.

Според него, ова не биле единствените проблеми на Клиничката болница која се соочува со недостаток на лекови, нерешен статус на 160 волонтери, масовно заминување на лекарите во приватното здравство и ред други проблеми.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*