Home / Uncategorized / Љубе Кузмановски ја презеде градоначалничката функција во Новаци

Љубе Кузмановски ја презеде градоначалничката функција во Новаци

Во градоначалничкиот кабинет на Општината Новаци, денеска   официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник, помеѓу  сега веќе екс градоначалникот  Лазар Котевски и новоизбраниот Љубе Кузманоски.

Лазар Котевски откако му ја честита победата и на  неговиот наследник  Љубе Кузманоски му посака успех во извршувањето на градоначалничката функција,  го запозна Кузмановски со работата на општината, тековните активности и проекти.

Новиот градоначалник  Љубе Кузмановски  вети дека општината Новаци ќе продолжи да се развива со несмалено темпо како и досега со реализација на веќе започнатите проекти, но и отпочнување на нови за доброто на населението на општина Новаци.

„Општината ќе биде сервис на жителите. Секој кој има било каква потреба  за услуга од општината  Новаци, ќе биде навремено и правилно услужен . Досегашниот градоначалник ме запозна со тековните активности на општината, започнатите проекти, но и новите кои за скоро време треба да започнат. Во скоро време ќе почнеме да ги реализираме и проектите кои беа вградени  во мојата изборна програма, рече Кузманоски, кој притоа додека дека  новиот буџет ќе го планира во согласност со потребите на месното население, за што во најскоро време ќе оствари средби со нив со цел да ги ислуша. “ рече Љубе Кузманоски , градоначалникот на Новаци.

Инаку  Љубе Кузмановски, кандидат на СДСМ и коалицијата “ Живот за сите “ победи во вториот изборен круг со 1.183 гласови, а Лазар Котевски освои 977 гласа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*