Home / Градска хроника / Наумче Смилевски од СДСМ претседател на Советот на општина Новаци

Наумче Смилевски од СДСМ претседател на Советот на општина Новаци

Денеска се одржа првата конститутивната седница на Советот на општина Новаци со која претседаваше најстариот избран советник Слободе Ристевски.

Советот на Општина Новаци најпрво состави верификациона комисија, потоа се направи верификација на мандатите на членовите на Советот кои согласно дневниот ред потпишаа свечена изјава. Потоа се пристапи кон избор на кандидациона комисија за предлагање на кандидат за претседател на Советот на општина Новаци, избор на претседател и решение за избор на комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

За претседател на Советот на општина Новаци беше избран  Наумче Смилевски од СДСМ, со 5 гласа ЗА и четири воздржани.

Смилевски на присутните советници им се заблагодари на изборот и изрази надеж за понатамошна соработка .

Честитајќи им го изборот на новите советници градоначалникот на Општина Новаци , Љубе Кузманоски, рече дека малкумина ја имаат честа да бидат советници, тоа е истовремено и привилегија но и обврска и  одговорност, затоа што оние кои ги избрале по четири години ќе бараат резултати од нивното работење.

„ На сите избрани советници ви го честитам четиригодишниот мандат и се надевам дека сите заедно ќе работиме за да се имплементираат проекти од интерес на сите граѓани и од интерес на развој на локалната самоуправа. Советниците се и посредници помеѓу граѓаните и нивните потреби и локалната власт, кои идеите и проблемите на жителите ќе ги преточат во проекти за добробит на сите, но советниците се и финансиери, затоа што заедно со мене ќе работат на изнаоѓање средства и финансии за реализација на програмите кои ќе ги имплементираме. Посакувам да бидеме сите во функција на служба за граѓаните, со цел по четиригодишниoт мандат да oставимe проекти кои ќе се паметат и со кои ќе се гордееме“, порача Кузманоски.

Новиот општински Совет ќе брои девет советници , четворица  од кандидатската листа на Коалицијата за локални избори 2017, предводена од СДСМ, со носител Наумче Смилевски која на локалните избори на 15 октомври освои 808 гласови.

Исто толку советнички мандати  освои кандидатската листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со носител Славица Цветковска Најдовска, која освои 1002  гласа, и еден советник од независната листа Стефан Каранфиловски кој освои 285 гласови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*