Home / Македонија / Се одложи судењето за „Труст“, Кочан не направил увид во доказите

Се одложи судењето за „Труст“, Кочан не направил увид во доказите

За седум дена се одложи судењето за случајот „Труст“, во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, бидејќи одбраната не добила листа на докази.

Обвинителот на СЈО Гаврило Бубевски истакна дека тие до судот ги доставиле доказите во доволен број примероци, а според процедурата судот е должен да им ги предаде на одбраната.

-Доставивме 13 примероци на 81 страна и тука нашата работа заврши. Работа на Советот од Основниот суд Скопје 1 за оценка на обвинителниот акт е листите со докази да ја достави до одбраната, рече обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски.

Обвинителниот акт за „Труст“ СЈО го поднесе поради сомнеж за незаконски тендер што во 2011 година го распиша државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Според наводите, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра.

Во „Труст“ се обвинети и три правни лица: „Транс Mет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*