Home / Uncategorized / Македонија влегува во рецесија

Македонија влегува во рецесија

По само четири месеци власт на СДС, македонската економија е сериозно разјадена од рецесија. Цела Европа се чуди како една прогресивна економија со стабилен раст како македонската, за многу кусо време Заев успеа да ја претвори во економија која назадува. Се поставува прашањето – дали се работи за незнаење или за намерно создавање економски хаос од кој ќе профитираат бизнисите на моќници на СДС?

Извозот падна, се намали производството, се намали и просечната плата…

За само 4 месеци ( и тоа пред избори) СДС ја задолжи државата за дури 320 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра – или  вкупно половина милијарда евра за кои граѓаните не знаат за што се потрошени.

Рецесијата значи намалување на инвестициите, намалување на обртот на пари во стопанството, зголемување на невработеноста и предизвикување сиромаштија, беда, страв и несигурност кај граѓаните.

Гледаме дека Заев ги игнорира, го одвраќа и индиректно ги брка инвеститорите. Се поизвесни се индициите дека РЕК е веќе договорен за продавање, а земјоделците, со ригорозните закани за укинување на субвенциите самите ќе се откажат.

Битолската економија е кревка и се крепи на РЕК, на инвестициите во Жабени и на земјоделците во Пелагонија.

Станува повеќе од очигледн, дека сите постапки на Заев водат кон намерно докрајчување и неповратно уништување на битолското стопанство, и тоа многу пострашно и со подолгорочни последици од ТАТ, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Благој Шаклевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*