Home / Вести / Македонија во знак на солидарност со ЕУ ќе протера руски дипломат

Македонија во знак на солидарност со ЕУ ќе протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи денеска објави дека Македонија ќе протера еден руски дипломат од земјава во знак на солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

-Одлуката е донесена во тесна консултација со партнерите од ЕУ и НАТО, а се однесува на случајот со труењето на поранешниот двоен руски агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Нелегалното користење на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји, се вели во соопштението на МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!