Home / Вести / Мицкоски: Доаѓа крајот на власта на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Доаѓа крајот на власта на СДСМ и ДУИ

На митингот на плоштадот „Магнолија” во Битола, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова обраќајќи им се на присутните нагласи дека ќе направи се да го спречи егзодусот на младите стручни кадри и по можност истите да се вратат во Македонија.

Тоа ќе успеам да го направам само ако Македонија стане пристојно место за живеење на млади и среќни луѓе кои имаат работа, добра здравствена заштита, а пензионерите да имаат пензии за пристоен живот. Со наука што се стимулира, со култура што се почитува. Но, најмногу со правна држава-рече на митингот во Битола, Гордана Силјановска-Давкова.

Таа пред битолчани вети дека ќе стори се, да се врати единството на нацијата и државата.

-Инаку, сум непотребна. Во моментот Македонија има две влади кои предизвикуваат поделби по етничка, верска, социјална поделба“ – рече Гордана Силјановска- Давкова и додаде дека ќе ги обнови народните канцеларии, не само во Битола, туку и во другите градови во државата.

Оваа држава е длабоко потоната во нешто што се нарекува етнократија, а не демократија. Јас сакам да живеам со рамноправни и еднакви граѓани, во која ќе се почитуваат индувидуалните и колективните права“, порача кандидатот за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова.

Таа остро ги критикуваше состојбите во правосудството и нагласи дека како претседател ќе ги предлага најдобрите експерти во македонското судство.

  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Битола рече дека претстојните избори се последната шанса да се спаси државата и дека овие не се обични избори.

Овде во Македонија луѓето не се разочарани само од ниските плати и стандард, туку и поради лошото образование, распаднатото здравство, корупцијата, криминалното судство и обвинителство. Народот се иселува поради тоа што нема систем што функционира. А тоа е така, бидејќи ДУИ владее со Македонија. Сто души од ДУИ за жал, владеат со Македонија. Но, од овде од Битола им порачувам дека сите тие ќе одговараат за секоја капка пролеана солза на граѓаните во изминатите години. ДУИ се јаки бидејќи Ковачевски е седнат во скутот на Али Ахмети кој ужива како шеик во хациендите во Зајас и се однесува како стопан на Македонија“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека време е да се врати надежта во Македонија и народот да одлучува за својата судбина.

Треба да се стави крај на најлошото владеење во Македонија. Мораме Македонија да ја направиме повторно горда. Од овде, од Битола, сакам да ги предупредам граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта. Тие водат натпревар за прво место на дното. Им порачувам да не си поигруваат, бидејќи крајот на власта доаѓа а од нив ќе зависи дали ќе биде достоинствен или тежок“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој на вечерашниот митинг во Битола им порача на присутните да не наседнуваат на провокациите на власта коишто според него ќе се обидат да има немири и меѓуетнички тензии.

Васка М. Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*