Home / Uncategorized / Мицковски веќе ја обезбеди поддршката на делегатите

Мицковски веќе ја обезбеди поддршката на делегатите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, досега ја обезбедил поддршката од околу 200 од вкупно 540 делегати што треба да го изберат новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот закажан за 22 и 23 декември во Валандово, чие оддржување стана неизвесно, дознава Фокус од партиски извори.

Имајќи во предвид дека оваа бројка во деновите до конгресот може уште повеќе да порасне, а Мицковски може да смета на одреден квантум на гласови што претходно не ги изработил, тоа го става во фаворитска позиција во изборот за иден лидер во вакви околности, дотолку повеќе што, велат нашите извори, останатите гласови ќе треба да си ги поделат неколку кандидати со лидерски амбиции.

Но, начинот на кој партискиот генерален секретар ја обезбедил поддршката предизвика истакнати партиски членови и функционери јавно да реагираат дека постојат огромни пропусти во организацијата на Конгресот и дека се фаворизира еден човек во трката за нов партиски лидер, што, според нив, не гарантира демократски и транспарентен процес за легитимен избор на претседател на партијата.

„Се користат партиски ресурси само за еден кандидат. Се врши притисок врз добар дел од делегатите да се потпишат зад кандидатурата на еден кандидат. Се праќаат и вистинити и лажни поздрави до делегатите од влијателни личности во врвот на партијата со цел добивање на поддршка за едниот кандидат. Се користат закани за исклучување од партијата и од органите на партијата…, стои во писмото потпишано од Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски, Борис Змејковски и др.

Меѓу другото, тие бараат да се зголеми бројот на делегати од 540 на 5.000, да се одложи конгресот за фебруари следната 2018 година, а доготаш партијата да ја води колективно претседателство од 3 до 5 члена, за што, истакнуваат од партијата, деновиве ќе се одлучува на седница на партискиот Централен комитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*