Home / Македонија / Млада прилепчанка која работела на крузер исчезна на Крит

Млада прилепчанка која работела на крузер исчезна на Крит

Родителите на 23-годишната Дениса Марковска веќе четири дена немаа никаква вест за нивната ќерка која исчезнала кога луксузниот крузер каде работела застанал на пристаниште во Крит.
Родителите упорно бараат информација за девојката, но за тоа каде е и што се случило нема одговор ниту бродот Серенисима, кој пловел под руско знаме како и грчката полиција, која за случајот започнала истрага.
Младата Дениса работела на истиот брод две години, а годинава уште еднаш го продолжила договорот за работа, по што откако застанале на Крит, на 13 септември и се губи секаква трага.
Очајните родители велат дека грчката полиција не си ја врши доволно добро работата и апелираат за помош и до македонските институции кои би можеле да помогнат да се пронајде нивната ќерка.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*