Don't Miss
Home / Спорт / Младиот Цветановски го нокаутира Ботев

Младиот Цветановски го нокаутира Ботев

Фудбалерите на Пелистер интензивно се подготвуваат за стартот на меѓународната фудбалска сцена.

Веќе неколку дена “ пелистерци “ се на подготовки во старата база Банско, Бугарија,  каде што според стручниот штаб тие се чуствуваат како дома.

-Во Банско имаме идеални услови за подготовки. Тука веќе ние се чуствуваме како да сме дома. Хотелот во кој сме сместени е идеален. Идеални се и терените каде  што ние тренираме.

Засега се е во ред. Овие услови мораме да ги искористиме максимално  за што подобро да се подготвиме за стартот во квалфикациите на Лигата на Европа, вели тренерот на Пелистер, Наџи Шенсои.

Инаку во Банско, Пелистер покрај тоа што тренира два пати на ден, тој  игра и контролни средби.

Во првиот натпревар  со екипата на Ботеф, кој е победник на купот на Бугарија и кој важеше за апсолутен фаворит во натпреварот со битолскиот прволигаш, Пелистер славеше победа од 1;0.

Победоносниот гол за Пелистер го постигна младиот Матеј Цветановски.

-Иако во оваа фаза на подготовките резултатите се во втор план, сепак јас сум задоволен од тоа што го прикажавме против екипата на Ботеф. Ботеф е мошне добра екипа и една од најсилните во Бугарија. За тоа каков е квалитетот на Ботеф најдобра потврда е што екипата на Ботеф е освојувач на купот на Бугарија, која во финалето на купот ја совлада екипата  на Лудогорац, која е шампион на Бугарија за оваа  сезона, вели Шенсои.

Во овој натпревар покрај младиот Матеј Цветановски, кој остави одличен впечаток, не само со постигнатиот гол, туку и со играта која ја прикажа, одличен впечаток остави и новото засилување од Бразил, Азул, за кој тренерот Шенсои има само зборови на пофалби.

Инаку Пелистер во натпреварот со Ботеф настапи со истиот состав кој играше во финалето на купот против Шкендија, со тоа што на почетокот на натпреварот наместо Божиновски, натпреварот го почна бразилецот Лукас.

До крајот на подготовките Пелистер планира да одигра уште неколку контролни натпревари со екипите кои се наоѓаат на подготовки во Банско.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*