Home / Култура / Монографија за Почесниот Британски конзулат во Битола

Монографија за Почесниот Британски конзулат во Битола

Во издание на авторката на трудот, Лилјана Спировска,  во саботата во малата сала на Центарот за култура беше промовирана Монографијата за Почесниот Британски конзулат во Битола.

Малата сала на Центарот за култура беше претесна да ги прими сите кои сакаа да присуствуваат на овој исклучителен културен настан, на кој покрај големиот број вљубеници во пишаниот збор, потоа пријатели, поддржувачи и роднини на авторката Лилјана Спировска присуствуваа  и градоначалничката на Битола, Наташа  Петровска како и претседателот на Советот на Општината Битола,  Валентин Груевски.

За авторскиот труд, на Лилјана Спировска, која како што изјави самата го работела цели три години, а  кој е посветен на нејзините три внучиња, Ивана, Миа и Марио,  говореа промоторите Снежана Михајлова, новинар на Битолски весник, која до пензионирањето редовно ги следеше сите активности на Почесниот Британски конзулат како  Борче Николовски од Британскиот совет.

Инаку Монографијата преставува исклучително амбициозен труд на Лилјана Спировска, во која таа на еден прифатлив и читлив  јазик, хронолошки ги опишува  нејзините  заложби за отворање на Почесниот конзулат во Битола, како и сите активности на конзулатот од неговото отворање.

Да потсетиме Лилјана Спировска беше именува за прв Почесен британски конзул  во 2000-та година и во изминатите години  додека таа ја извршуваше  оваа значајна функција  имаше реализирано бројни манифестации, активности како и настани, преку кои таа  не само што ја  промовираше и афирмираше  културната историја на  Велика Британија, нејзините традиции, животот на Кралското семејство, Шекспир,  туку таа придонесе и за афирмација на Битола, нејзиното културно историско богатство, обичаите на битолчани  во Англија.

Во Монографијата  авторката Лилјана Спировска на  преку 360 страници, на еден хронолошки начин  покрај тоа што пишува за почетоците и активностите за  отворање на почесниот конзулат, таа преку избор на текстови, објавени  во  повеќе медиуми на читателската публика и ја доближува Велика Британија на македонските читатели.

Во вториот дел на книгата Лилјана Спировска преку фотографии “зборува “ за сите активности на почесниот Британски конзулат.

Монографијата за Британскиот конзулат е луксузно издание, печатено во битолската печатница КС Графика.

 

Б.В.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*