Home / Вести / МРВ ја прошири истрагата против Талески за “ Транспортер“

МРВ ја прошири истрагата против Талески за “ Транспортер“

Министерството за внатрешни работи ја прошири истрагата „Транспортер“ против градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, и вработените во Општината за преплатени услуги за превоз на ученици. Наспроти предметот кој го води Специјалното јавно обвинителство и кој се однедува на период од 2012та до 2014 година, новата истрага на МВР опфаќа период од 2015та до 2016та година.

Според МВР истрагата се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици. До ОЈО Битола поднесен е посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58).

Осомничени се шест лица, меѓу кои и градоначалникот Талески. Се сомничат за две кривични дела: „несовесно работење во службата“ и „ злоупотреба на службена положба и овластување.

„С.П., С.Д., В.П. и П.П., во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот, (пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден), со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист“, велат од МВР.

Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари, или над 70.000 евра

„С.Б., секретар на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. В.Т., Градоначалник на Општина Битола, донел Одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица –превозници од Битола“, додаваат од Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!