Home / Култура / Над 11.000 цртежи за Малиот битолски Монмартр

Над 11.000 цртежи за Малиот битолски Монмартр

Во Битола пристигнаа над 11.000 цртежи од 350 училишта  од  34 земји во светот за годинешната меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Ова го соопшти на  денешната прес-конференција во Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“,  раководителот на студиото,  Коста Хаџи Антоновски.

За жал, мал е бројот на ликовни творби од ученици од Македонија, и ниту еден од Битола.

Инаку со одлука на организаторот Гран при наградата за најдобра ликовна колекција ќе ја добијат ученици од Чешка, а наградата за животно дело ќе отпатува во Индија за ликовен педагог од Хадерабад.

Од детското ликовно студио потврдија дека и годинава како гостин во Битола, најбројна ќе биде делегацијата од Хонг Конг, но гости ќе има и од други земји, па дури и од Бахамите,  кои освен во Битола ќе творат и во Охрид и во Крушево.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!