Home / Вести / Претходното раководство остави “цунами “ во синдикатот на РЕК “ Битола“

Претходното раководство остави “цунами “ во синдикатот на РЕК “ Битола“

По неколку месечната криза која владееше во синдикатот на РЕК “Битола” и АД ЕЛЕМ, откако претходното раководство   се самораспушти и ги “пломбира “ синдикалните простории во Комбинатот, состојбите полека се нормализираат.

Но иако неодамна  беа избрани нови синдикални раководители во сите синдикални подружници во АД ЕЛЕМ, состојбите во синдикатот во РЕК “ Битола “ сеуште не се докрај надминати.

Имено старото раководство, кое остана буквално без членови  и натаму “глуми “ синдикат и се обидува со разни подметнувања и шпекулации  во јавноста да се легитимира како легално и легитимно, кое  наводно ги штити интересите на работниците.

Според тоа што во моментот тие го знаат на најмалку 30 трговски фирми, или продавници од Битола им се должат огромни милионски средства. Доста пари се должат за набавка на дрва за работниците, канти сирење, купена спортска опрема, бела техника, мебел… хотелски сметки, на туристички агенции.

Додека порано на сите продавници во Битола и пошироко имаше соопштенија дека за вработените во РЕК “ Битола “ се нудат низа поволности за купување  роба на рати, сега едноставно како што велат во синдикатот никаде не сакаат ни да слушнат да им дадат нешто на рати.

Тоа што најмногу не загрижува е што не знаеме колку изнесуваат тие долгови и затоа бараме под итно да се  направи целосна ревизија за (не)работњето на старото синдикално раководство, кое сеуште се луксузира низ Битола со синдикалното возило, кое го купија работниците на РЕК “ Битола”.

Дури откако ќе се сними ситуацијата и ќе се види колку и за што се должи ќе можеме да кажеме како ќе го надминеме финансиското цунами кое ни го остави старото раководство,  велат од новото раководство на синдикатот во РЕК “ Битола”.

Поопширно во ексклузивното интервју на најновиот број на  Битолски весник

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!