Home / Uncategorized / Наградата „Животно дело“ на Општина Битола за Милица Шперовиќ-Рибарски

Наградата „Животно дело“ на Општина Битола за Милица Шперовиќ-Рибарски

interfest 6

Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист, основач и прв директор на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, кој годинава одбележа 25 години континуирано одржување, е годинашен добитник на „Животно дело“ –  највисокото признание што го доделува Општина Битола.

Во пресрет на празникот на градот,  Управниот одбор за доделување на наградата „4 Ноември“ одлучи да додели и три награди за годишни достигнувања, и тоа на Здружението на пензионери-Битола и Интерно одделение при Клиничка болница-Битола кои годинава слават 70 години постоење, а во категоријата стопанство награда ќе му биде доделена на менаџментот на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“.

Наградите ќе бидат врачени на 4 ноември на свечена академија што традиционално ја организира Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*