Home / Вести / Наградена ученичката на СОУ “Таки Даскало“ Емилија Крстевска

Наградена ученичката на СОУ “Таки Даскало“ Емилија Крстевска

Во рамките на одбележувањето на патронатот на СОУ „Таки Даскало“ – Битола, во просториите на училиштето и беше доделена награда на ученичката Емилија Крстевска, од I – 12 паралелка, билингвална гимназија, за нејзиниот успех што го постигна да добие целосна стипендија за школување во Соединетите Американски Држави, преку програмата Кенеди-Лугар, за размена и учење за млади, преку која учениците имаат можност да престојуваат и учат во САД. По долг процес на селекција, Емилија Крстевска доби можност да биде избрана да престојува во државата Вашингтон во учебната 2020/21 година. Исто така, Емилија Крстевска, која е ученичка во првата генерација ученици на англиско-македонска билингвална паралелка во СОУ “Таки Даскало“, го освои првото место и на државниот натпревар за есеј на англиски јазик, на тема “Волонтерство“, во конкуренција на неколку стотици есеи од Македонија, а е и учесник во неколку Еразмус плус проекти, во чии рамки активно го користи англискиот јазик и има запознаено многу пријатели од бројни држави во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*