Home / Uncategorized / Наместо за три недели модуларната болница во Битола доцни преку 3 месеци

Наместо за три недели модуларната болница во Битола доцни преку 3 месеци

               

        Кога во ноември минатата година беше промовиран идејата за изградба на Модуларна ковид болница од страна на директорката на Клиничката болница во Битола Билјана Гагачевска и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска беше речено дека модуларната ковид болница ќе биде готова за 3 недели.

        – Во изминатиот период Општина Битола работеше на подготовка на целокупната документација и теренот. Дадовме логистичка поддршка со админситрацијата, а сега даваме поддршка и со изведбените активности. Ова треба да биде изведено за максимално брзо врме, бидејќи сосотојбите тоа го налагаат. Модуларата болница треба да биде готова за три недели. Постои синхронизација на сите изведувачи и ќе вложиме максимални напори овој рок да биде запазен. ЈП „Нискоградба“ ќе ја изведува канализационата мрежа, а Водовод, водоводната мрежа, а Општината ги изведува активностите за подготовка на теренто, изјавиа тогаш директорката на  болницата Билјана Гагачева и  градоначалничката Наташа Петровска.

        Но иако од тогаш поминаа  повеќе од 4 месеци Модуларната  болница во Битола  сеуште не е пуштена во употреба.

        Инаку да потсетиме во  Кина по почетокот на пандемијата за само 14 дена беше изградена болница за илјадници болни, а во соседна Србија за само 4 месеци беше изградена нова болница на Бањица за преку 1.500 заболени со комплетна медицинска опрема.

        Тоа што загрижува е што сега кога драстично се зголемува бројот на позитивни на Ковид 19, а Инфективното одделение во Клиничката болница забрзано се полни  од Клиничката болница не даваат никаква изјава кога модуларната болница ќе биде завршена.

        Директорката на болницата Билјана Гагачева едноставно не одговара ни на телефеон ни на пораките.

        Таа изгледа се одлучи да молчи.

        Инаку Модуларниот Ковид центар во Битола,  покрај со средства на Министерството за здравство се гради и со донации на Општината Битола, како и јавните комунални претпријатија и АД ЕСМ.

За изградба на Модуларната ковид болница двете јавни комунални претпријатија донираа по 1.500.000 денари.

Со овие средства тие ги изградија приклучоците за вода и канализација.

Свои средства   донираше Општината Битола која со одлука на Советот издвои вкупно 40.000 евра за изградба на Модуларната ковид болница.

За изградба на модуларната болница значајни средства издвои и  АД ЕСМ, која одлучи средствата наменети за рекламен материјал за Новата година, во износ од 2.400.000 денари да ги насочи за изградба на Ковид центарот.

Инаку Модуларниот ковид центар во Битола, кој ќе зафаќа површина од 1.000 м2  се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола, а се состои од поставување на 3 модуларни градби, од кои две наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

        Ковид центарот  треба да биде опремен со најсовремени апарати за лекување на позитивни лица од Ковид 19, а ќе бидат поставени и апарати за кислородна поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*