Home / Колумни / Неговото височенство Народот

Неговото височенство Народот

И покрај тоа што во сите изминати 27 години од македонската независност, а и пред тоа, најчесто сме сведоци како народот сам за себе вели дека него никој никогаш за ништо не го есапел и дека ништо не го прашувал, сепак деновиве сме сведоци како сите домашни и странски политичари не избираат ни начини ни средства да му се доближат на македонскиот народ.

Македонскиот народ се чини дека не само во сите изминати речиси три децении на македонската независност, туку ни во екс Југославија, на историските настани во Јајце, или Прохор Пчински, не бил толку на цена како сега, да биде прашан за неговата судбина во каква држава сака да живее.

Како што се наближува денот на Раферендумот сите домашни и странски политичари, буквално дојдоа на поклоние  кај толку многу оспоруваниот македонски народ.

И покрај тоа што во изминатите години македонските политичари најчесто не го есапеа многу обичниот македонски народ и не веруваа во неговата самосвест, деновиве сите тие, без исклучок, ја уверуваат јавноста дека македонскиот народ е многу мудар, кој знаел да го препознае доброто од злото и кој секогаш знаел да донесе паметна одлука и дека  на 30 сепември ќе ја донесе најдобрата  одлука за тоа дали Македонија со зачувување на уставното име ќе остане во Балканската крчма, или пак со промена на името од Република Македонија во Република Северна Македонија ќе го трасира патот до НАТО и ЕУ.

Додека премиерот Заев со силна асистенција на европските моќници и лидери, како и светските државници се обидува да го (раз)убеди македонскиот народ каква одлука да донесе, лидерот на  ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, отиде до таму што наводно поради силната верба во неговата изградена висока национална свест, одлучи, неговата одлука да му ја остапи на македонскиот народ,тој наместо него да одлучи како да постапи на 30 сепември.

Во настојувањето  да се (раз)убеди македонскиот народ каква одлука да донесе, деновиве, по распишувањето на референдумот партиските членови и агитатори се растрчаа низ државата и одејќи од врата до врата, на секој начин се обидуваат  да му ја наметнат својата одлука на народот.

И доколку таквите верувања  на политичарите во високата свест и самосвест на македонскиот народ би биле искрени, тогаш можеме со големи искри на надеж да  нагласиме дека конечно на македонската политичка сцена работите си дојдоа на вистинското место и дека народот ја доби својата целосна сатисфакција дека Тој е Тој кој ги носи олдуките за државата, а не политичарите.

Од таму се чини дека конечно во Република Македонија политичарите ја сфатија силата и моќта на народот, а не на поединецот, и дека народот е тој кој на крајот ја носи одлуката.

Но иако сега сите се крстат во народот, само кусо ако се вратиме во минатото ќе видиме дека секогаш не било баш така и дека во многу клучни моменти од македонската  историја, народот за многу значајни судбински прашања  не бил прашуван. Така беше кога Република Македонија преку ноќ без да биде прашан народот стана ФИРОМ,или кога се кроеше територијалната поделба.

Дали во меѓувреме политичарите се опаметија, или немајќИ друг избор или свој став за ова референдумско прашање  се кријат зад народот, овој пат и политичарите и од власта и од опозицијата одлучија народот на 30 септември да ја донесе одлуката.

Иако и порано ја имал таквата своја улога и секогаш конечната одлука била во неговите раце, овој пат македонскиот народ навистина ја има својата историска шанса да даде свој одговор на поставеното референдусмко прашање: дали Македонија ќе го прифати договорот со Грција за промена на уставното име, или  не.

За неговата судбина нема да одлучуваат ни Ципрас, ни Могернини, ни Хан, ни Нимиц, Курц, Тачи, Столтенберг и уште десетици други странски дипломати кои деновиве се истоварија во Македонија, туку само тој. За името на државата овој пат нема да одлучуваат ни Заев ни Мицковски, туку токму Тој.

Сега секој со својот глас и својата лична одлука треба да го искаже својот став во каква Македонија сака да живее.

Дали во Република Македонија, на која, доколку не успее реферндумот  уште сега и се закануваат со санкции и изолација, или пак Република Северна Македонија, на која држава и нудат благосостојба и европска индина.

Влогот е тој. Името и иднината на државата.

За да успее референдумот треба да гласаат над 900 илјади граѓани.

За држава која со децении не е преброена оваа е голема бројка.

Дали истата ќе се достигне, или не, последниот збор го имаат граѓаните.

Македонскиот народ во многу историски настани ја немал таа шанса тој да си ја одреди својата судбина.

Сега таа шанса ја има.Од неговата одлука зависи не само сегашноста, туку и неговата иднина.

Затоа до 30 септември сеуште има време секој во себе сам да се преиспита каква одлука ќе донесе.

Во случај на апстиненција, или игнорирање на оваа шанса, нема повеќе место за поправен испит.

Наредната шанса кој знае дали некогаш ќе дојде.

Затоа ова е време на одлука, која секој ја има во своите раце.

Секој сега сам одлучува не само за својата судбина, туку и судбината на сите претходни и идни генерации.

Од оваа одлука нема бегање или криење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*