Home / Вести / Негувателка не се грижела за “згрижените” деца без родители

Негувателка не се грижела за “згрижените” деца без родители

                       

            Триесет и седум годишната Х.В. од Битола, во саботата на 4 јуни  е лишена од слобода поради тоа што не се грижела за згрижените малолетни деца без родители сместени во мал групен дом во Битола.

Имено според СВР Битола на 04.06.2022 полициски службеници од полициската станица Битола ја лишиле од слобода Х.В.К.(37) од Битола.

Според основните сомневања таа како вработена во јавна установа за згрижување на деца без родители  во Битола,  запоставувавјки  ја својата должност, ги запуштила и малолетните деца  згрижени во мал групен дом.

 По документирање на случајот против неа  до Основното јавно обвинтелство ќе следува кривична пријава. соопштија од СВР Битола.

Имено од пред неколку години со реформите Мајчиниот дом во Битола з азгрижување на деца без родители беше затворен и децата беа сместени во неколку приватни објекти, односно куки на приватни лица, каде без згрижени каде вработените во мајчиниот дом требаше да се грижат за нив.

За тоа време Мајчиниот дом во Битола седи затворен и без згрижени деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*