.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Економија / Нова хаварија во РЕК “ Битола “

Нова хаварија во РЕК “ Битола “

Во РЕК-Битола повторно дојде до уште една хаварија во рудникот Суводол. Се скина приемната трака на одложниот транспортер на багерот „СрС 1300”, таканаречен „банваген 5500”, и тој е надвор од употреба со што надвор од употреба е и „багерот Срс 1300”.

Ова го соопшти денеска на прес конференција, Васко Ковачевски, пратеник од СДСМ во Собранието на Република Македонија.
– Со оваа хаварија надвор од употреба се четири багерски единици. Ако на ова се додаде и фактот дека вториот блок на Комбинатот е во застој и дека во последните пет години не се правени ремонти на блоковите на термоелектраните, тогаш со право може да се заклучи дека состојбата со РЕК Битола е алармантна – рече Ковачевски.
Според него, ваквата состојба со најголемиот енергетски комбинат во Македонија е последица на долгогодишното неодговорно работење на раководствата, кое во изминатите години беше проследено со низа скандали и коруптивни зделки за кои се покренати и бројни кривични постапки. Катастрофалната сосотјба со РЕК Битола е уште еден доказ дека итно е потребно ново раководство во АД ЕЛЕМ, а со тоа и на РЕК-Битола.
– АД ЕЛЕМ и РЕК Битола се столбот на енергетскиот сектор во Македонија и недзоволиво е да бидат управувани на неодговорен и коруптивен начин како што беше досега. Новите раководства на овие претпријатија ќе мора сериозно да се зафатат со санирање на штетите и да воспостават одговорно, чесно и професионално раководење кое ќе гарантира сигурна, непречена и ефикасна работа на истите – истакна на прес конференцијата  Васко  Ковачевски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*