Home / Вести / Новаци ќе им подели по 5000 ден. на сите првачиња

Новаци ќе им подели по 5000 ден. на сите првачиња

Општината Новаци на секое прваче ќе му додели по 5.000 денари, бруто износ на родителите на деца запишани во прво одделение во централното ООУ „Славко Лумбарковски” во Новаци и во подрачните училишта во општина Новаци за учебната 2020/2021 година. Ваква одлука донесе Советот на Општина Новаци.

Овој надоместок е со цел намалување на давачките на родителите кога семејниот буџет се преполовува за училишен прибор и книги при самиот старт на новата учебна година, вели градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!