Home / Вести / Новиот ректор Игор Неделковски на прием кај градоначалникот Тони Коњановски

Новиот ректор Игор Неделковски на прием кај градоначалникот Тони Коњановски

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со новиот ректор на битолскиот универзитет, проф. Д-р Игор Неделковски.

На работниот состанок на кој учествуваа и секретарот на oпштината, Борче Димитровски и претседателката на Универзитетското Студентско Собрание при УКЛО, Симона Наумовска, којашто воедно е член во Локалниот младински совет, беа разгледани можностите за унапредување на взаемната соработка, помеѓу општината и универзитетот. 

Соговорниците се сложија  за реактуелизирање на летната студентска пракса во општината, взаемна соработка во уредувањето на просторот околу единиците на универзитетот, како и можноста за реализација на иницијативите на Универзитетското Студентско Собрание при УКЛО.

Воедно, со посебен интерес е пристапено кон идејата дипломски, магистерски и докторски трудови на дел од студентите од УКЛО да се изработуваат на теми поврзани со актулни, општинско – комунални проблеми  и прашања, за кои УКЛО ќе нуди современи академски и применливи решенија. На овој начин, младите ќе имаат дополнителна можност за активно учество во изготвувањето на решенија за прашањата и предизвиците со кои се соочува општината.

Општина Битола и Универзитетот „Св. Климент Охриски“ – Битола, веќе имаат потпишан Меморандум за соработка.  Со најновото определување на приоритетите на взаемната соработка коишто се од заеднички интерес, се очекува УКЛО да помогне во зајакнување на административниот и стопанскиот сектор во Битола, и од друга страна, со сè поголемата вклученост на студентите во општината да се градат политики насочени кон подобри услови и поквалитетен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*