Home / Градска хроника / Одбележан 11 Октомври, празник на македонскиот непокор

Одбележан 11 Октомври, празник на македонскиот непокор

Општина Битола и Сојузот на борци, со пригодни манифестации го одбележаа 11-ти Октомври, Денот на востанието и оддадоа почит пред споменикот на паднатите борци во Народноослободителната и антифашистичка војна.
Градоначалникот д-р Владимир Талески посочи дека 11 Октомври е празник кој одбележува еден од најзначајните периоди на Република Македонија, НОБ против фашизмот и национална борба, ден кој потсетува на една генерација и многу значајно историско време.

cveke 2

-Пример за сите идни генерации, младите луѓе обединети повторно околу идејата за самостојна Македонија, како и претходно за време на Илинденското востание и сите востанија претходно, се собра една генерација која  решително тргна во ослободителна борба која беше и национална борба за национално ослободување, за независна, самостојна Република Македонија. Тој континуитет траеше и понатаму до ден денешен. Историскиот момент, 11 Октомври е пример за една генерација која е запишана во светлите страници во историјата на македонскиот народ. Наша обврска е денеска да ги спомнеме сите млади жртви за слободата која денеска ја имаме- посочи градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески.

cveke 8

Претседателот на ОО на Сојуз на борци-Битола Александар Трајковски потсети дека  иницијатор и организатор на востанието на македонскиот народ беше КПМ и сите борци комунисти.

-Да не бегаме од вистината треба да се каже организатор и иницијатор на востанието на македонскиот народ беше Комунистичката партија на Македонија. Бугарските власти беа изненадени, не очекуваа таков вооружен напад и утредента на најригорозен начин почнаа да апсат, речиси од секое десетто семејство, некој  беше затворен. Мотивот беше јак кај младите за слобода, се приклучуваа кон партизанските одреди- рече претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски.
И претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ оддадоа почит.

cveke 5

-Борбата за слобода и борбата за правата на македонскиот народ , била од поодамна, од Илинден до денес. Оваа борба продолжува и понатаму. Ние како владејачка партија ја сфаќаме во делот на создавање на подобри услови за македонскиот народ, за граѓаните, за битолчани, во економскиот дел, за отворање на нови работни места- рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска.

cveke 4

-11 Октомври е еден од најсветлите денови од македонската историја, кон не само што претставува симбол на македонската борба за слобода, симбол на македонскиот непокор и патриотизам, туку е ден кога е поставен и главниот темел на македонската државност- истакна, Јулијана Силјановска, пратеничка  на СДСМ во републичкото Собрание.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*