Don't Miss
Home / Uncategorized / Одбележана неделата на детето

Одбележана неделата на детето

По повод Неделата на детето во градинките на јавната установа “Естреја Овадија Мара” се одржаа креативни работилници со родители и деца на тема: „Во срцето што дарува – хуманоста царува”.
Родителите на децата кои ги посетуваат градинките од најразлични материјали изработија прекрасни ракотворби кои беа поставени на штандови во холовите на градинките.
Родителите и децата можеа да си земат изработка, а во замена да донираат пари во кутиите од Црвениот крст, кои ги придружуваа претставници од подмладокиот на Црвениот крст.
Собраните средства ќе бидат донирани на лица од ранливите групи на кои им се најпотрбни од страна на Црвен крст.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*