Home / Uncategorized / Огнен Јаневски нов главен уредник на ТВ 24

Огнен Јаневски нов главен уредник на ТВ 24

Огнен Јанески,  долгогодишен новинар и уредник на повеќе емисии во ТВ 24, е поставен за нов главен и одговорен уредник на оваа телевизија.

Тој доаѓа на местото на Младен Чадиковски, кој ја извршуваше оваа функција, а денеска се повлече по изборот за претседател на ЗНМ.

-Со задоволство ја прифатив обврската за главен и одговорен уредник на телевизија 24, којашто ја преземам од колегата Младен Чадиковски кому му посакувам среќа во предизвиците во Здружение на Новинари (ЗНМ). Со гледачите ќе се гледаме низ други форми постојано за време на програмата на телевизијата, но, за тоа – откако ќе дојде новата година, откако обврската ќе ја преземам во јануари. Благодарам за довербата од моите колеги и колешки од новинарскиот, техничкиот и од програмскиот кадар, коишто ја посочија довербата во мене, за заедно, како колектив да преземеме обврска за понатамошни издигнувања. Колективот се живее. И така и ќе биде, изјави  Јанески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!