Home / Вести / Општината Битола ќе му префрли на ПСК “Пелистер” 3,8 милиони денари

Општината Битола ќе му префрли на ПСК “Пелистер” 3,8 милиони денари

                       Советниците на  ВМРО-ДПМНЕ  и независната листа “Поинаку“  одлучија  на ПСК “Пелистер“  да му префрлат 3,8 милиони денари,   средства кои  ќе треба да се искористат за обнова на планинарскиот дом Копанки.

 При донесувањето на одлуката советниците на СДСМ и коалиционите партнери  беа  воздржани, а советниците на Левица гласаа  против.

Според Договорот  потпишан меѓу ПСК Пелистер и локалната самоуправа предвидено е ПСК “Пелистер“  по добивањето на овие средства и реконсрукцијата на планинарскиот дом  “Копанки “ во иднина да обезбеди најмалку  30 проценти од сместувачкиот капацитет на домот за потребите на  Општината, без надомест, кои  ќе се користат за одржување на семинари и културни настани согласно годишен календар на настани.

Предлогот на опозицијата договорот да се прошири со  тоа  децата  од 7 до 14 години и пензионери, членови во Здружението на пензионери  без надмоест  да можат да го користат домот,  не беше прифатен.

Советникот од Левица, Гаврил Трајковски,  кој Договорот го нарече циркус  изјави дека  бенефициите ќе бидат за Општината, а не и за граѓаните чии пари ќе се дадат за обнова на домот.

Инаку со Договорот е предвидено  домот   да не биде издаван под концесија во следните 20 години ниту да се издава, или става под хипотека.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*