Home / Uncategorized / Орце Камчев: Цермат да си ги исполни обврските

Орце Камчев: Цермат да си ги исполни обврските

 

ФК Пелистер со голема прослава на Широк Сокак го прослави успехот на клубот и излезот на Европската сцена.

Сепак во моментот на големото славје еден од сопствениците на клубот, сопственикот  на Орка спорт, Орце Камчев излезе со неочекувана изјава, дека доколку претходниот сопственик на пакетот акции на Пелистер,  фирмата “Цермат” не си ги исполни обврските  кон Пелистер тој ќе се повлече од натамошно финансирање на клубот.

„Ние за неполна сезона влозивме 750.000 евра, наспроти нашите претходници кои исто така се мокна битолска фирма, а за две сезони позајмиле на клубот 14 милиони денари преку две нивни фирми. Тие според договорот требаше да вложат 390.000 евра по сезона. Го повикувам градоначалникот, советниците и навивачите да направат максимум да го решат овој голем проблем, бидејки во спротивно ние ке се повлечеме од клубот. Не сакаме во новата сезона да влеземе со нерасчистени сметки од нашите претходници. Впрочем, и во договорот што го потпиешавме стои дека одговараме за обврските од датумот на превземањето на клубот. Нашиот буџет за сезоната 2017/18 е скоро милион евра, а доколку треба да ги платиме и туѓите долгови на нашите претходници, тој драстично ке се намали и успехот ке биде доведен во прашанје”, истакна  Орце Камчев.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*