Home / Колумни / Отчет за (не)сработеното !

Отчет за (не)сработеното !

Како што е вообичаено и како што му беше  воедно наложено од партијата, градоначалникот на Битола, Владимир Талески деновиве го поднесе својот “отчет “ за тоа што го  направил во својот трет  градоначалнички мандат.

Притоа Талевски во негов стил ги наброја само своите покрупни реализирани проекти и без око да му трепне изјави дека во изминатите 4 години Талевски наместо планираните 135 проекти, со кои тој излегол пред граѓаните на Битола, кога се кандидира за градоначалник реализира(л) ни помалку, ни повеќе, туку над 500 проекти!

Тоа го истакнал Талевски пред новинарите на Битола за време на отчетот и остана жив!

Со цел да биде убедителен дека Талевски тоа што ќе го вети не само што го остварува туку и го натрфла  планираното, тој на Отчетот во детали  ги елаборираше завршените проекти.

Кога е во прашање Талевски, тој  е познат во битолската јавност по својата “отчетност” за (не)сработеното.

Тој како што себеси милува да се прикажува е и голем “педантерија”, кој не жали пари кога е во прашање отчетноста и сите реализирани проекти  во изминатите 4 години ги наброја во својот “Информатор “ кој како луксузно издание го испечати специјално  за оваа прилика, за кој, како што тврди советникот на СДСМ, Горан Козаров потрошил десетици илјади евра.

Со оглед на тоа што секогаш тешко сум се  снаоѓал кога биле во прашање “отчетите”  на Талевски и неговите “весели математики”, во ова прилика нема да се занимавам со тоа што наводно Талевски го реализирал во периодот 2013-2017 година, кога го освои третиот мандат.

Човекот кој по професија е глумец и психолог, кога ќе се најде пред камерите добива посебна инспирација и мошне убедително знае да ги “фасцинира “ присутните со своите реализирани проекти.

Но сите изминати 12 години, откако Владимир Талески ја обавува функцијата градоначалник, тој ретко кога и колку што јас се сеќавам речиси никогаш не зборува за своите нереализирани проекти.

А нив ги има поприлично многу и мислам дури  многу повеќе од тие кои ги реализирал.

На послендиот отчет Талевски, сакајки да се престави себеси како “татко “ на градот кој  наводно се грижел за своите “невработени деца”   истакна дека  индустриската зона “Жабени “ која била  негов најголем проект е потполн погодок и дека денес таму, благодарение на него и изградбата на “Кромберг и Шуберт “ работаат над  4.000 невработени лица.

Притоа во Отчетот Талевски не кажа ни еден збор, кој  е придонесот на Владата за изградбата на “ Кромберг и Шуберт” и што ќе се случеше и со ова инвестиција доколку Груевски не ставеше рака на овој проект.

Но Талевски во Отчетот не кажа што стана со сите други над 48  инвеститори, на кои тој им потпишал одобренја за градби кои сеуште не почнуваат со градба на своите индустриски капацитети. До каде се инвестициите  во “Жабени “ кои Талевски во сите изминати години постојано  ги најавуваше  од Италија, Австралија, Турција, Грција, Австрија, Украина, Америка, Франција, Грција, САД.

Талевски во Отчетот не кажа ни збор за тоа до каде се инвестиците и на неговите пријатели  и партиски  другари, кои  во “Жабени” купија  парцели по 1 евро на квадрат,  но кои сеуше немаат почнато да градат.

Искусниот театарски глумец Владимир Талевски, кој често пати како актер знаел да импровизира на театарската сцена и при овој отчет како и во сите претходни,  кога зборува за (не)реализираните проекти често пати ги  меша мандатите па во голем број случаи тој наместо за последниот мандат, кој е предмет на Отчетот зборува за тоа што го направил во претходните мандати.

Па така и во овој Отчет тој зборуваше  за Златниот рид и вложувањата во него, а притоа заборави да кажи дека од Зланиот рид направи вистинска гробница, каде што  тие што купија парцели,  поради немање инфраструктура со години не можат да почнат да ги градат своите објекти и станбени куќи.

Талевски во Отчетот не спомнува дека откако претхдоно ги расфрли парите од комуналиите кои ги наплати од граѓаните  кои купија парцели во Златниот рид за да изгради каква – таква  нфраструктура за Касарната, неодамна  зеде кредит од Светска банка во висина од 2,5 милиони евра, кој сите ние ќе мораме да го враќаме, иако таму никогаш нема да живееме.

И во овој отчет како  во претходниот Талевски повторно ја замајува јавноста дека Киното “Манаки” ќе било наскоро  готово, нешто што го зборуваше во Отчетот за вториот мандат. Тој заборави, дека кога ги промовираше своите проекти за третиот мандате  ни најави дека Северната трибина веќе требаше да биди готова, а тој нема ни почнато да ја гради. Тој во негов стил веќе по трет пат ни зборува за изградбата на Црн Мост, Домот за стари лица “Сју Рајдер”, тезгите на  Градскиот Пазар, улиците кои  ги асфалтира по втор, или трет пат.

Во неговиот луксузно опремен отчет, Талевски и овој пат пропушти да каже дека во неговиот трет мандат тој не успеа да го реконструира планинарскиот дом Копанки, кој го најави уште веднаш по  пожарот. Заборави да кажи до каде се активностите за изградбата на булеварските влезови за Битола,  подземните гаражи под Широк Сокак, катната гаража кај хотелот Македонија, изградата на хотелскиот комплекс “Ниже Поле”, кружните текови кај “Кеопс”, Ловец и кај Ветеринарната станица, аеродрмот кај Логоварди,  на кој требаше да слетуваат најмалку по 100.000 патници.Агро берзата, кванташкиот Пазар, Аква паркот во Касарната, голф терените кај Братиндол, филмкиот град во Златниот рид, Панорамската кула, од каде ќе се гледаше цела Битола,  црквата Св. Нектариј, затворениот олимпсики базен, Операта во Битола, Офицерскиот дом, новиот спортски центар, минатиот Битфест, и уште стотици други проекти кои останаа нереализирани, а кои тој самиот ги најавуваше.

Кога станува збор за Отчетот на Талевски тој и овој пат остана доследен на својата недоследност при секој нов отчет  за сработеното да  не кажува за несработеното и да ги меша реализираните со нереалзираните проекти.

П.С: Иако се обидував сепак никако не најдов одговор на прашањето дали тоа што Талевски  планирал 135 проекти, а реализирал 500  е за фалење или за критика. Се ми се чини  дека преку тие бројки тој потврди самиот за себе дека е лош планер, која едно мисли, друго планира, а сосема  трето реализира.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*