Don't Miss
Home / Култура / Отворена изложба “Економијата на Преспа низ вековите“

Отворена изложба “Економијата на Преспа низ вековите“

Во Ресенскиот Сарај синоќа беше отворена изложбата „Економијата на Преспа низ вековите“ од Игор Ефтимовски, млад ресенчанец кој од неодамна е дипломиран археолог.

Во рамките на оваа изложба се претставени економските фази на развојот на Преспа во минатото, почнувајќи од земјоделството како основна дејност, уште од времето на неолитот пред 8000 години. Опишано е и сточарството, а голем акцент е ставен на рибарството како дејност со која населението се занимава од памтивек. Покрај автохтоните риби, опишани се и чуновите  кои специјално се ловело риба во ова езеро.

„Целтана изложбата е да се сврти вниманието на јавноста кон економските гранкиштотрадиционално,штоприродно,воодноснаживеењето на населениетобилоодгледувано и работеновоПреспа. Оваа изложба би сакалдагиинспириралуѓетоденес да размислуваат штоможедасеработи, а може и дасеотворинекојанова компанија“, рече Ефтимовски.

На изложбата е опфатен и делот на производството на керамика во Преспанскиот регион, како важен сегмент од економијата во регионот, од што произлегува и ресенската керамичка колонија, како членка на меѓународната академија за керамика при УНЕСКО.

Дел од изложбата е посветена и на бојаџиството, металообработката и трговијата. Ќе бидат претставени и монетите кои што циркулирале на територијата на Преспа во минатото.

Ова е прва изложба од ваков вид во Преспа, која има огромно значење за историските показатели во развојот на економијата на оваа територија. Организатор на изложбата е Домот на културата „Драги Тозија“ Ресен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*