Home / Вести / Пандемијата коси и во Битола

Пандемијата коси и во Битола

                       

            Последните денови Битола не само што бележи рапиден скок на позитивните со Ковид 19, туку драстично расте и бројот на починатите.

За само два дена на Инфектиното одделение во  Клиничката болница во Битола починаа вкупно 10 лица.

            Откако пред еден ден не ја издржаа битката со коронавирусот шест лица, во  последните 24 часа на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола починаа  нови четири пациенти сите од Битола.

 Тие се  на возраст од 71, 72, 73 и 75 години.

Со новите четири починати лица  бројот на починати пациенти  од Ковид 19 во Битола се искачи на  47 лица.

             Инаку според информациите од Инфективното одделение  на Клиничката болница во моментов бројот на активни случаи во Битола е 606, а од почетокот на пандемијата вкупно регистрирани од Ковид 19 се 1.197 лица. Бројот на оздравени пациенти во Битола е 548.Во моментот во Регионалниот центар во Клничката болница хоспитализирани се вкупно  75 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*