Home / Вести / Пандемијата не смее да го закочи образовниот процес

Пандемијата не смее да го закочи образовниот процес

               

        И покрај пандемијата од Ковид 19 подготовките за државната матура  за оваа учебна година се во тек и полагањето ќе се одржи во јуни следната година.

        Ова го изјави при денешната посета на средното училиште “ Таки Даскало “ во Битола, министерката за образование и наука  Мила Царовска, која притоа додаде дека  зимскиот распуст за учениците ќе се реализира според календарот во јануари идната година, додека на 21 јануари ќе почне второто полугодие.

-Би сакала да ги поттикнам учениците до крајот на ноември месец да изберат проектна задача во делот на матура којашто ќе се случува оваа година и исто така, до крајот на наредниот месец, да изберат предмети коишто ќе сакаат да ги полагаат за матура. Не сакаме пандемијата да предизвика застој во развојот на нашите ученици коишто се нашата иднина. Токму затоа, согласно законските рокови, матурата ќе се извршува во текот на наредната година. Матура има во сите земји во регионот и во сите европски земји и овие завршни испити и покрај пандемијата, се одржаа и минатата година и според министерката ние нема да бидеме исклучок оваа учебна година,изјави Царовска.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска изјави дека и во вакви отежнати околности наставниот процес во Битола  успешно се реализира, а бројката на заболени ученици и наставници е мала, и во моментов се заболени само  пет ученици и седум наставници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*