Home / Македонија / Патот за Рек Битола ќе се прекине

Патот за Рек Битола ќе се прекине

Тоа што пред малку го јави „Битолски весник “ дека состојбата на патот Битола – Новаци за Рек е загрижувачка се потврди.

На седницата на Кризниот штаб во Битола која што е во постојано заседание, членовите на Кризниот штаб беа ифнормирани дека во моментот треба со машини да се пресече патот Битола – Новаци за РЕК Битола којшто е непрооден за тешки товарни возила. Екипата на „Битолски весник“ беше една од последните којашто го помина овој пат. Сообраќајот за РЕК Битола ќе се одвива по алтернативниот пат преку Тополчани. Инаку, покрај во Новаци каде што состојбата е алармантна, а со која е запознат и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски загрижуваат состојбите во општина Могила, каде што најзагрозени се селата Чарлија и Радовор, додека ништо не е познато за ситуацијата во селото Ношпал.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*