Home / Вести / Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ беше и остана расадник на транзициони профитери

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ беше и остана расадник на транзициони профитери

-ВМРО-ДПМНЕ беше и остана расадник на транзициони профитери, кои денес поддржуваат ветинг на политичарите само во последните 5 години затоа што мислат дека народот не памети како во времето на транзицијата некои од нив несразмерно го зголемија својот имот и станаа милионери. Нивниот кандидат за претседател ниту еднаш не се појави сам пред граѓаните да ги објасни своите ставови затоа што на митинзите наместо неа зборуваше претседателот на партијата кој со тоа по повлекувањето на граѓанските потписи уште еднаш потврди дека предложиле лојален партиски послушник а не граѓански кандидат за највисоката функција-рече кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски на големиот сенароден митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Тој додаде дека претседател на државата не може да биде некој што не прави разлика меѓу врховен командант на вооружените сили и началник на Генералштаб.

Кандидат кој до пред некој ден ја немаше објавено својата изборна програма. Човек кој не сакаше да учествува на дебати со сите седум кандидати затоа што правеше селекција според лични критериуми, кој до нас е достоен да дебатира со неа. Најголема пародија е што за загрозени права и слободи на граѓаните и за хибриден режим ламентира кандидатката чиј сопруг остави стотици семејства без работа и приходи по пропаѓањето на имотите и фирмите кои ги купи со заработени пари од кршењето на санкциите. Или обвинувањата без ниту еден приложен доказ дека јас сум бил соучесник во корупција и криминал а тие со кршењето на санкциите на ОН со сопругот станаа мултимилионери-заклучи Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ сакаат да заборавиме дека во септември минатата година ни се случи потпишувањето на договорот со Фронтекс, европската агенција за чување на границите на шенген зоната кој го потпишавме на македонски јазик. Нивниот таканаречен предлог за деблокада на нашиот европски пат кој им го подметнуваат на сопствените граѓани и држава како ново решение е дека сакаат да ја преговараат преговарачката рамка со Унијата иако буквално сите претставници на Унијата им рекоа дека тоа е завршена работа. Пред странските дипломати изразуваат формална подготвеност за деблокада. Висок претставник од нивната сестринска партија од Германија, по разговорите со нив рече дека е убеден дека ќе гласаат за уставните промени“ -истакна Стево Пендаровски на голем сенароден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина.

Тој додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму секој ден повторуваат дека уставни промени нема да има под бугарски диктат.

-Малкумина од нас се изненадени од таквото нивно однесување, затоа што тој манир на однесување е одлика на таа политичка партија години наназад и токму затоа нивниот претседател од европскиот парламент уште во 2020 година беше дефиниран како извор на лажни вести и дезинформации. Пред секои избори како по правило бараат 61 пратеник за наводно да не биле условувани од Албанците а пред некој ден повикаа на формирање на семакедонски патриотски фронт исто како во времето на режимот, не водејќи сметка дека етничката хомогенизација во мултиетничка држава како нашата е рецепт за дестабилизација“, потенцираше Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*