Home / Вести / Ковачевски: Немаме резервна татковина, Македонија мора да стане европска држава

Ковачевски: Немаме резервна татковина, Македонија мора да стане европска држава

На митингот во Скопје, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски пред присутните, уште еднаш ја потврди заложбата на СДСМ за Европска Македонија и конечно пристапување во Европската Унија.

-Моето семејство е тука во Македонија. Јас не барам чаре во други држави, како што немам резервна татковина, како што за разлика од многу, немам имоти и сметки во странство. И затоа знам, затоа многу ми значи, затоа мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, како европска држава- порача Ковачевски на митингот.

За тоа, има само еден начин, вели Ковачевски додавајќи дека Македонија мора да стане држава со европски стандард, европски вредности и да ги почитува европските правила на игра.

Македонија има многу знаење, Македонија има многу голема сила е енергија дома! За таа цел, ја креиравме програмата за за европска иднина. Прецизна, јасна, реална, остварлива, креирана да ја крене таа енергија и македонско знаење! Ве уверувам, нема да се откажеме сѐ додека секој ред од неа не стане реалност-изјави Ковачевски.

Тој додаде дека со членството во ЕУ, помошта од земјите членки на ЕУ, САД и нашите сојузници во меѓународната политика, конечно ќе може да се искористи целосниот наш национален потенцијал, целото наше знаење и енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*