.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Пет монодрами од македонска продукција на Фестивалот на монодрамата „Битола 2016“

Пет монодрами од македонска продукција на Фестивалот на монодрамата „Битола 2016“

НУ Центар за култура-Битола од 4 до 10 мај ќе биде домаќин на актери од САД, Литванија, Србија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Израел и од Македонија кои ќе изведат 17 монодрамски остварувања.

На 18-то издание, 13 од претставите се во конкуренција, а 4 составен дел на фестивалската програма која ќе биде отворена со претставата „Животот е прекрасен“ во изведба на МНТ-Скопје, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

– Фестивалот годинава нуди 5 монодрами од македонска продукција или копродукција со што уште повеќе се потврдува значењето на овој настан кој ги слави актерите, уметноста и секако театарот. Неофицијалната програма е истоветно силна бидејќи во Битола ќе настапат МНТ со „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а на затворањето ќе настапат Театар Комедија со претставата „Случајот Хармс“, посочи Димитровски.

На денешната прес-конференција во Битола беше соопштено дека за наградите ќе одлучува меѓународно жири кое ќе го предводи Петар Темелковски, а ќе му помагаат Билјана Крајчевска, Братислав Димитров – сите од Македонија, Нина Мазур од Украина и Иван Лео Лемо од Хрватска.

– Фестивалот годинава го постигнува своето полнолетство, тој е квалитетен и со соодветен квантитет во однос на бројот на претставите, а дел од апликантите моравме даги отфрлиме. На програмата ќе има кабаретски претстави, мономјузикл, моноопера и друга понуда. Голем е интересот на македонските актери и режисери, а ќе бидат застапени и монодрами кои ги потпишале познати светски класици како Буковски, Твен, Достоевски, Гогољ, Дарио Фо и други, истакна фестивалскиот селектор Петар Мирчевски.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“ е поддржан од Министерството за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*